Уапсени за смртта на мигрантите во камионот во Австрија

Австриската полиција соопшти дека биле уапсени три лица во Унгарија поради поврзаност со вчерашното откривање на телата на 71 емигрант пронајдени во камион ладилник напуштен на патот меѓу Будимпешта и Виена. Според последните информации, во камионот имало четири деца и осум жени.