Русија уништи храна за тркачкиот тим на БМВ

Руските новински агенции јавија дека над тон ипол храна наменета за автомобилскиот тркачки тим на БМВ кој доаѓа во Москва била уништена поради неправилна увозна декларација. БМВ треба да учествува на трките кои почнуваат денеска како дел од германското натпреварување познато како ДТМ. Во Русија неодамна беа уништени тони храна увезена од Западот и покрај забраната што Москва ја воведе во минатата година како одговор на санкциите поради украинската криза. Претставникот на БМВ Јерг Котмајер изјави дека тимот ќе учествува на трките без оглед на уништената храна.