САД и НАТО заедно против талибанците во Хелманд

Сили на Соединетите држави и НАТО им се придружија на авганистанските војници во кампањата за истерување на талибанците од јужната провинција Хелманд. Скоро 14 години откако по американската инвазија во Авганистан, беше соборен талибанскиот режим, оваа милитантна група почна повторно да освојува територии. Деновиве дел од Хелманд за прв пат од 2007 година падна во рацете на талибанците. Претходно талибанците ја освоија провинцијата Навзад.