Во Хрватска парламентарни избори во ноември или декември

Парламентарните избори во Хрватска ќе се одржат кон крајот на годината, во ноември или декември, јави ХРТ повикувајќи се на извори во Владата на најмладата членка на Европската унија. На претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ ќе и бидат понудени три можни датуми за одржување на изборите - 29 ноември, шести или 13 декември. Советникот на претседателката Владимир Шекс истакна дека се согласува со Владата, додавајќи оти датумите се во согласност со Уставот. Избори за хрватскиот Сабор се одржуваат на секои четири години. Од независноста во Хрватска се одржани шест избори за пратеници - првиот во 1992 година и последниот во декември 2011 година.