Нови жртви во конфликтот во источна Украина

Украинскиот армиски портпарол соопшти дека седум припадници на армијата се убиени, а 13 повредени во последните 24 часа во борбите против проруските сепаратисти. Ова се најголеми загуби за украинската војска на дневно ниво од средината на јули, откако насилствата продолжуваат да го ставаат на тест договорот за прекин на огнот стар шест месеци. Жртвите доаѓаат откако американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел зборуваа за порастот на насилствата во источна Украина и покрај постигнувањето на договорот во февруари во Минск. Во вчерашниот повик до германската канцеларка, Обама потенцирал дека киев ги имплементирал обврските според договорот од Минск и повторил дека Русија мора да го направи истото.