Курдска офанзива против милитантите на ИД

Курдската регионална влада во северен Ирак соопшти дека нејзините пешмерга сили ослободиле девет села во провинцијата Киркук од милитантите на Исламската држава. Офанзивата почнала вчера на околу 175 километри северно од Багдад. Во соопштението се додава дека во неа биле вклучени 2 илјади војници кои биле поддржани од воздушни напади предводени од Соединетите држави. Во борбите биле убиени дваесетина милитанти и петмина курдски борци.