Руски регрут убил три лица и се самоубил

Руските власти соопштија дека регрут убил полициаец и двајца војници, а потоа го насочил оружјето кон себе и се самоубил. Истражниот комитет денеска информираше дека регрутот кој ги убил тројцата бил вооружан со автоматска пушка и пукал во воен камп во близина на градот Кострома на реката Волга. Тој повредил уште двајца војници и потоа извршил самоубиство. Министерството за одбрана соопшти дека е можно лични причини да стојат зад убиствата. Понижувањата во руската армија претставуваат голем проблем во руската армија, кои понекогаш доведуваат до убиства и самоубиства. Активистите за човекови права ја обвинуваат руската армија дека се обидува да ги прикрие случаите за малтретирање.