Давутоглу на 11 опозиционери им понуди место во привремената влада

Ахмет Давутоглу покани 11 членови на опозицијата да учествуваат во привремената влада, која ќе раководии со земјата се до предвремените избори во ноември, пренесува БТА. Пет членови се на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) и по тројца членови на Партијата на национално движење (МХП) и на прокурдската Демократска партија на народите (ХАДЕП). Тие имаат рок до утре до 18 часот да ги прифатат или да се откажат од функциите. ЦХП и МХП изјавија дека нема да учествуваат во привремената влада, додека ХАДЕП истакна дека ќе учествува. Местата кои нема да бидат заземени од опозициските партии ќе им бидат понудени на независни кандидати, надвор од Парламентот.