Сенатот на САД за иранскиот нуклеарен договор

Поддршката на демократите за иранскиот нуклеарен договор е на ниво кое обезбедува во американскиот Сенат тој да биде поддржан при гласањето што се очекува во текот на идниот месец. Според најновите информации, за овој договор досега се изјасниле 29 сенатори од Демократската партија. За да биде поддржано ветото на претседателот Барак Обама на резолуцијата што ја најавија републиканците во Конгресот против нуклеарниот договор, се неопходни уште пет сенаторски гласа. Лидерот на демократите во Сенатот Хари Рид изјави дека бил оптимист во врска со претстојното гласање.