Белград и Приштина со договор за четирите прашања

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини синоќа изјави дека договорите што во Брисел ги постигнаа премиерите на Србија и на Косово Александар Вучиќ и Иса Мустафа претставуваат пресвртница во преговорите меѓу Белград и Приштина. Во соопштението се наведува дека станува збора за преостанатите четири договори, за Заедницата на српски општини на Косово, за енергетика, за телекомуникации и за мостот на Ибар во Митровица. Според оценката на Могерини, овие договори се „камен темелник на процесот за нормализација“ и им овозможуваат на двете страни да напредуваат на патот кон Европската унија.