Кина ги намали каматните стапки

Кина ги намали каматните стапки, во обид да го зајакне економскиот раст. Централната банка денеска ја намали нејзината главна каматна стапка за 0.25 процентни поени на 4.6 отсто, по дводневните превирања на берзата. Исто така ги намали резервите што банките мораат да ги имаат, за да се зголеми протокот на пари во економијата. Тешките падови акциите на кинескиот пазар започнаа во јуни. По деценискиот раст, Кина се соочува со забавување и инвеститорите се загрижени дека ќе бидат подгодени компаниите и земјите кои се потпираат на високата побарувачка од втората најголема економија во светот.