Кинеските акции повторно паднаа

Кинеската берза денеска падна за 7,6 проценти, со што падот продолжи четврти ден по ред достигнувајќи најниско ниво во последните осум месеци. Исто така денеска паднаа и јапонските акции. Но, другите азиски берзи се опоравија, еден ден по тешките глобални загуби, а европските пазари исто така застанаа на нозе на почетокот на тргувањето. Мешаната слика доаѓа еден ден по глобалната продажба и бурниот ден на Вол Стрит. Пазарите во Хонг Конг, Јужна Кореја, Австралија и Сингапур денеска објавија скромени надоместувања, откако претходниот ден се соочија со силниот удар. Аналитичарите велат дека не е јасно дали ова е знак за крај на најлошото.