САД догодина ќе примат до 8 илјади сириски бегалци

Соединетите држави во идната година би требало да примат до 8 илјади сириски бегалци, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби. Годинава, според него, тој број би изнесувал околу 2 илјади. Кирби додаде дека се разгледувале околу 15 илјади барања од Сирија што на Вашингтон му ги доставил УНХЦР. Најмногу сириски бегалци се наоѓаат во Турција и Либан. УНХЦР проценува дека до крајот на годинава ќе има околу 4 милиони и 270 илјади бегалци кои ја напуштија Сирија од почетокот на војната во 2011 година.