Руски воени маневри на Арктикот

Русија започна воени вежби на Арктикот со цел, како што е соопштено, да се зголеми безбедноста на рускиот дел од ова подрачје и да се заштити руската територија од потенцијални воени закани. Во вежбите биле вклучени илјада војници и 14 авиони. Слични вежби Русија одржа и во мај годинава.