Меркел и Оланд: заеднички одговор на бегалската криза

Германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд синоќа во Берлин побараа заеднички одговор на Европа која се соочува со бегалска криза. „Треба да воспоставиме единствен систем на правото за азил“, изјави Оланд кој оцени дека станува збор за вонредна ситуација која ќе трае. Меркел наведувајќи дека во Европската унија важи истото правило за добивање азил додаде дека уште оваа година би требало да се отворат центри за регистрација на мигрантите.