Групата на ИД уништи антички храм во Сирија

Сириските власти и активисти соопштија дека милитантите на Исламската држава го дигнале во воздух древниот храм Баал Шамин во историскиот сириски град Палмира кој е на листата на УНЕСКО. Храмот е еден од највредните споменици на човековата цивилизација. „ИД денеска поставија голема количина експлозив во храмот и потоа го кренаа во воздух“, потврди сирискиот претставник за антиквитети Маамун Абдулкарим. Внатрешноста на храмот е уништена, а срушени се неговите светски познати столбови. Шефот на УНЕСКО Ирена Бокова уништувањето на храмот го опиша како „ново воено злосторство и огромна загуба за сирискиот народ и човештвото.“