Убиен лидер на Ал-Каеда во Авганистан

Илустрација.

Службата за разузнавање на Авганистан соопшти дека лидерот на Ал-Каеда поврзан со милитантната група Џундуалах, бил убиен на северот од земјата. Лидерот на групата Кари Гулам Хазард денеска бил убиен во воздушен напад изведен од сртана на Националниот директорат за безбедност, во провинцијата Кундуз. Во нападот биле убиени неговиот заменик и уште неколку команданти. Отцепената група од пакистанските Талибанци во нември минатата година вети верност кон милитантите на групата на Исламската држава.