Продолжија разговорите меѓу Јужна и Северна Кореа

Разговорите меѓу претставници на Јужна и Северна Кореа продолжуваат веќе трет ден без знаци на напредок. Во исто време јужнокорејската претседателка Парк Геун Хиеизјави дека Северна Кореа треба да се извини за, како што рече, серијата провокации. Тензиите ескалираа на 20 август кога дојде до размена на артилериски оган меѓу двете земји. Сеул го обвини Пјонгјанг дека поставува мини во близина на граничната зона.