Порошенко бара единство за статусот на источна Украина

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко ги повика сите политичари од земјата да ги поддржат неговите планови за уставните измени со цел да се стави крај на сепаратистичкиот конфликт во источниот дел и да се порази како што го нарече рускиот агресор. Тој за време на церемонијата по повод Денот на независноста им порача на коалиционите партнери да ги премостат нивните сомнежи и да гласаат за уставните измени со кои ќе им се даде специјален статус на сепаратистичките делови во источна Украина. Предложените измени ќе бидат ставени на гласање во Парламентот на 31 август.