Мигрантите од Гевгелија се упатија кон Табановце

Околу илјада мигранти кои чекаа на железничката станица во Гевгелија претпладнево се упатија кон граничниот премин Табановце. Поголемиот дел од нив се качија на воз, а останатите кои не успеаа и кои останаа на железничката станица во Гевгелија беа препратени на автобуската станица отспротива. Тие со автобуси ќе бидат префрлени до граничниот премин со Србија. Во моментов просторот на железничката и автобуската станица е испразнет од мигранти. Мигрантите вчера ја пробија бодликавата жица и полицискиот кордон на дивиот премин на македонско-грчката граница.