Британија и Иран ги реотвараат амбасадите

Затворената британска амбасада во Техеран

Британскиот секретар за надворешни работи Филип Хамонд е во посета на Техеран за да присуствува на реотварањето на британската амбасада четири години откако врз неа беше извршен напад. Хамонд пред тргнувањето во Лондон изјави дека иранската амбасада во Британија ќе биде реотворена во исто време. Според него, партнерството меѓу двете земји е подобрено од 2011 година. Британија ги протера иранските дипломати по инцидентот во амбасадата во Техеран.