Заеднички воени вежби на Русија и Кина

Русија и Кина започнаа заеднички поморски и воздушни вежби во Јапонското море. Руската војска соопшти дека вежбите ќе траат до 28 август и во нив се вклучени 22 бродови, 20 авиони и повеќе од 500 војници од двете земји. Аналитичари соопштија дека Москва сака да ги продлабочи односите со Пекинг особено поради влошените односи со западот околу улогата на земјата во конфликтот во источна Украина.