Попоски-ЕУ да обезбеди заеднички одговор за мигрантите

Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски изјави денеска дека за проблемот со мигрантите потребно е Европа да обезбеди заеднички одговор, оти ниту една земја не може проблемот да го реши сама со сопствени ресурси. Според него, помошта за Македонија од Брисел засега е симболична и од ЕУ очекуваат третман како кон земја членка. Попоски за време на посетата на летен камп во Охрид порача и дека ќе направат максимални напори мигрантите кои сакаат да влезат на македонска територија да бидат регистрирани. Тие што ќе се одлучат за барање азил, според него да добијат соодветен третман, а исто така и оние кои сакаат да го продолжат патувањето.