МВР-Издадени потврди на 42 421 странски државјани

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во пограничниот регион на Гевгелија во текот на денот не се регистрирани никакви посериозни инциденти. Во периодот од 19 јуни до денеска, издадени се потврди на вкупно 42.421 странски државјани. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија, потоа Авганистан и Ирак. Досега до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.