Израел планирал напади врз Иран

Поранешниот израелски министер за одбрана Ехуд Барак

Поранешниот израелски министер за одбрана Ехуд Барак за вториот канал на израелската телевизија изјавил дека неговата земја три пати неуспешно се обидела да изврши напад врз иранските нуклеарни постројки. Според него, во последните неколку години израелските власти планирале напади врз Иран кои биле одобрени од премиерот Бенјамин Нетанјаху. Тој посочува дека едниот напад во 2010 година бил блокиран од шефот на изралеската армија, бидејќи земјата не била подговена да го спроведе. Вториот напад бил спречен од двајца клучни министри, а третиот, како што наведува Барак не се извршил поради лошиот тајминг, бидејќи во тоа време биле во тек израелско-американските воени вежби.