Тензична состојбата со мигрантите на границата

Мигрантите се пробија на македонска територија

Група на мигранти во неколку наврати денеска ја пробија бодликавата жица и полицискиот кордон кои ги спречуваа да влезат на македонска територија на дивиот премин на македонско-грчката граница.

Група на мигранти во неколку наврати денеска ја пробија бодликавата жица и полицискиот кордон кои ги спречуваа да влезат на македонска територија на дивиот премин на македонско-грчката граница. Мигрантите потоа избегаа кон околните полиња и се упатија кон железничката станица во Гевгелија. Полицијата употреби шок бомби за да го спречи нивното движење, а некои од мигрантите колабираа.

Бројот на превозните средства за транспорт на бегалците кон северната граница е зголемен. Процесот за регистрација на бегалците се забрзува, а со зголемениот надзор над границата и контролираното пропуштање на бегалците во земјата и целиот простор на железничката и на автобуската станица повторно е функционален.
Иван Франгов, градоначалник на Гевгелија.

Претходно полицијата соопшти дека мигрантите се пропушаат согласно капацитетите на државата со предност на поранливите категории.

„Бројот на превозните средства за транспорт на бегалците кон северната граница е зголемен. Процесот за регистрација на бегалците се забрзува, а со зголемениот надзор над границата и контролираното пропуштање на бегалците во земјата и целиот простор на железничката и автобуската станица повторно е функционален“, изјави градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов.

Тој синоќа имаше координативен состанок со претставниците на УНХЦР, Меѓународниот црвен крст и повеќе невладини организации и здруженија кои се вклучени во активностите за справување со бегалската криза на јужната граница.

Слободан Митровиќ од Црвениот крст на Македонија изјави дека мигрантите добиваат пакети со храна, вода и за итна медицинска помош.

„Ние сме тука да им дадеме медицинска и хуманитарна помош“, вели Митровиќ.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Бодликавата жица и полицијата пречка за мигрантите

Според него, дневно тие имаат меѓу 50 и 200 интервенции во зависност од големината на групата мигранти кои стигнуваат од Грција на железничката станица во Гевгелија.

Ние сме тука да им дадеме медицинска и хуманитарна помош.
Слободан Митровиќ, Црвениот крст на Македонија.

Претставници на УНХЦ информираат дека синоќа поради обилните врнежи македонската полиција на дивиот премин на македонско грчката граница пропуштила поголема група мигранти. Воз со околу 300 мигранти утринава во 5 и 15 часот заминал од Гевгелија за Табановце, информираат од Железничката станица во Гевгелија. Оттаму посочуваат дека за денеска се најавени повеќе вонредни возови за транспорт на мигранти.

Високиот комесаријат за бегалци изрази подготвеност да обезбеди помош на владите на Македонија и на Грција за справување со ситуацијата со мигрантите. Високиот комесар за бегалци Антонио Гутиерес за ситуацијата телефонски разговарал со министерот за надворешни работи Никола Попоски од кого добил уверување дека границата нема да биде затворена во иднина.

УНХЦР соопшти дека има разбирање за притисокот со кој се соочува Македонија и за легитимната загриженост за безбедноста на државата. Од УНХЦР апелираат до Владата да воспостави механизми со цел да се воведе организирано управување со границите кое ќе ја земе предвид заштитата на бегалците.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Човечка драма на грчко - македонската граница