Мигрантската криза – Главна тема во дневниот печат
Гевгеличани се жалат од хаосот поради големиот број мигранти, а железничкиот сообраќај е пред колапс, пишуваат дневните весници.
Народот рекол, ако мечката не игра во твојот двор, не ја знаеш маката. Така и жителите на другите градови во земјава. Ако само прочитаат или слушнат за реките мигранти во Гевгелија, но маката ја имаат гевгеличани.
Железничкиот сообраќај е пред колапс поради мигрантската криза, од соседните земји се побарани дополнителни вагони, но сите одбиле да помогнат.
Утрински весник.
„Гевгеличани се жалат од мигрантите“, пишува Утрински, кој додава дека на средбата со градоначалникот, оние гевгеличани кои живеат во близина на железничката станица се жалеле на загрозената безбедност и нарушување на комуналната хигиена, и барале поефикасно присуство на полицијата. Утрински исто така информира дека „Железничкиот сообраќај е пред колапс поради мигрантската криза, од соседните земји се побарани дополнителни вагони, но сите одбиле да помогнат“. Весникот информира и дека „Автобусите од Гевгелија за Скопје се преполни со мигранти“.
Илјадници мигранти чекаат за влез во Македонија
1/5Нова група од над 1.000 мигранти чекаат на границата меѓу Македонија и Грција да влезат во Македонија во близина на железничката станица во Гевгелија.
Владата прогласи кризна состојба во врска со мигрантите што влегуваат во земјата. Полицијата и војската заедно ќе патролираат во граничната зона меѓу Македонија и Грција и ќе се потрудат физички да спречат влегувањето на мигранти. Илјадници луѓе се заглавени во меѓуграничната зона. Фото: REUTERS
2/5Нова група од над 1.000 мигранти чекаат на границата меѓу Македонија и Грција да влезат во Македонија во близина на железничката станица во Гевгелија.
Владата прогласи кризна состојба во врска со мигрантите што влегуваат во земјата. Полицијата и војската заедно ќе патролираат во граничната зона меѓу Македонија и Грција и ќе се потрудат физички да спречат влегувањето на мигранти. Илјадници луѓе се заглавени во меѓуграничната зона. Фото: REUTERS
3/5Нова група од над 1.000 мигранти чекаат на границата меѓу Македонија и Грција да влезат во Македонија во близина на железничката станица во Гевгелија. Дел од луѓето носат пораки со кои бараат помош.
Владата прогласи кризна состојба во врска со мигрантите што влегуваат во земјата. Полицијата и војската заедно ќе патролираат во граничната зона меѓу Македонија и Грција и ќе се потрудат физички да спречат влегувањето на мигранти. Илјадници луѓе се заглавени во меѓуграничната зона. Фото: REUTERS
4/5Нова група од над 1.000 мигранти чекаат на границата меѓу Македонија и Грција да влезат во Македонија во близина на железничката станица во Гевгелија.
Владата прогласи кризна состојба во врска со мигрантите што влегуваат во земјата. Полицијата и војската заедно ќе патролираат во граничната зона меѓу Македонија и Грција и ќе се потрудат физички да спречат влегувањето на мигранти. Илјадници луѓе се заглавени во меѓуграничната зона. Фото: REUTERS
5/5Мигранти одмараат на железничката станица во Гевгелија.
Владата прогласи кризна состојба во врска со мигрантите што влегуваат во земјата. Полицијата и војската заедно ќе патролираат во граничната зона меѓу Македонија и Грција и ќе се потрудат физички да спречат влегувањето на мигранти. Илјадници луѓе се заглавени во меѓуграничната зона. Фото: REUTERS
Previous slide
Next slide
Дневник пишува дека „За три дена над 3.600 лица побарале азил“, а Утрински дека „Грција ги носи мигрантите со траект до Солун, а оттаму со воз или автобус за Македонија“ и ја пренесува изјавата на српскиот премиер Вучиќ дека „Србија ќе изгради центар за мигранти“ и дека „ЕУ ќе ѝ даде на Србија над 3 милиони евра помош за прифаќање на мигрантите“.
Напредок само за избирачкиот список, специјалниот јавен обвинител ги кочи преговорите.
Дневник.
„Макпетрол среде судски лавиринт“, ја насловува Утрински информацијата во врска со блокирањето на сметката на Макпетрол и на Оилко.
Утрински го следи постодморското продолжување на преговорите за договорот од Пржино, па насловува: „Преговорите за изборната регулатива одат тешко“, а Вечер, пак, го следи, се чини, главниот проблем: специјалниот јавен обвинител. Па го напаѓа СДСМ и насловува: „Специјалниот јавен обвинител е малку, СДСМ сега бара паралелно Јавно обвинителство - листата на желби на СДСМ се проширува“.
Дневник пишува дека има „Напредок само за избирачкиот список, специјалниот јавен обвинител ги кочи преговорите“. Инаку власта продолжува со клиентелистичката политика: Слободен печат објави дека „Драгиша Милетиќ, претседател на Српската напредна странка во Македонија е вработен во ЕЛЕМ“.
Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.