Временска прогноза-Променливо облачно и посвежо

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд кои во западните и источните делови на некои места се очекува да бидат поинтензивни. Попладне во јужните делови ќе има локален пороен дожд со ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 21 до 27 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до 14 и дневна до 27 степени. Од утре следува период на стабилно и суво време со постепен пораст на дневните температури. Во недела дневната температура ќе се движи од 22 до 30 степени.