Груевски и Вучиќ разговарале за состојбата со мигрантите

Премиерот Никола Груевски денеска остварил телефонски разговор со претседателот на Владата на Република Србија, Александар Вучиќ. Двајцата премиери разговарале за начините за справување со регионалниот предизвик на наплив на илегални мигранти, соопшти владината прес-служба. Груевски и Вучиќ размениле информации кои се во корист за поефикасно менаџирање на постојниот проблем, согласно расположливите капацитети на државите. Премиерите се договориле да продолжат активно да ги следат состојбите и да преземат мерки и активности за справување со настанатата ситуација.