ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го преспа ребалансот на Буџетот

ВМРО-ДПМНЕ реагирајќи на обвинувањата на СДСМ дека власта брзала да го донесе ребаланост на Буџетот за 2015 години за да го избегне спротивствувањето на ставовите со опозицијата вели дека тој бил во процедура во Собранието уште од минатиот месец. „СДСМ го преспа ребалансот на Буџетот, кој патем е во Собрание уште од јули месец. Доколку СДСМ изразеа порано желба да дебатираат за ребалансот, ќе им го испратевме во Грција, да го прелистуваат додека се сончаат на грчките песочни плажи. Но ќе имаат повторно шанса и со нетрпение ги очекуваме во Собранието на дебата за буџетот 2016, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.