Турција гради бетонски ѕид на границата со Сирија

Турските медиуми известуваат дека Турција започнала да гради бетонски ѕид долг 45 километри низ должината на границата со Сирија. Приватната новинска агенција Доган денеска извести дека 12 километри од препреката веќе е изградена по должина на границата кај провинцијата Хатај, главната точка за шверцување и поминување на границата од Сирија. Официјалните лица не коментираа веднаш. Турција ја засили безбедноста низ нејзината граница за да спречи странски борци да влезат во Сирија и да блокираат милитанти да влезат во Турција.