Судењето на пилотката Савченко останува во Ростов на Дон

Рускиот суд го одби барањето на одбраната на руската пилотка Надја Савченко нејзиното судење да биде во Москва. Регионалниот суд во градот Ростов на Дон пресуд дека на Савченко, која е обвинета за обезбедување информации кои довеле до смрт на двајца руски новинари, треба да и биде судено во малиот град во близина на украинската граница. Руските власти велат дека Савченко, која служела како волонтер во батаљон во источна Украина каде украинските сили се борат против проруските сепаратисти, минатото лето обезбедила координати за минифрлачки напад во кој загинале новинарите. Савченко, чии адвокати велат дека била заробена од страна на бунтовниците и пренесена во Русија, претходно штрајкуваше со глад во знак на протест за нејзиното притворање за кое вели дека е нелегално. Меѓународните групи за човекови права повикаа Савченко да биде ослободена.