ПССЕ за кризна состојба поради бранот мигранти

Ан Брасер

„Ја делам загриженоста на властите кои мораат да се соочат со досега невидена и сериозна ситуација. Во исто време, сакам да нагласам дека сите преземени мерки од страна на властите мора да бидат во согласност со стандардите на Европската конвенција за човекови права“.Ова го изјави претседателката на Парламентарното собрание на Советот на Европа Ан Брасер по одлуката на македонската влада да прогласи кризна состојба во регионот на јужната и на северната државна граница поради бранот мигранти. Според неа, феноменот на миграцијата не може да се решава одделно од секоја земја. „Советот на Европа има соодветни инструменти за да се обезбеди соодветна поддршка“, наведува Брасер.