Времето денеска: сончево со умерена облачност

Во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Во југоисточните делови ќе има поизразена нестабилност со обилен пороен дожд и се очекува да наврнат над 20 литри дожд на квадратен метар. Утринската температура ќе се движи од 14 до 21, а дневната од 23 до 30 степени. Во Скопје слично време, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне со умерена нестабилна облачност со краткотраен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 28 степени.