Грчкиот премиер Ципрас поднесе оставка

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас поднесе оставка и најави предвремени избори на 20 септември. Во телевизико обраќање Ципрас рече дека има чиста совест и побара од гласачите чист мандат. Лидерот на опозициската Нова демократија Вангелис Мимаракис, ќе одржи прес конференција по обраќањето на Ципрас. Изјави ќе дадат и лидерите на Потами и ПАСОК Ставрос Теодоракис и Фофи Генимата. Лидерот на Независни Грци, министерот за одбрана Панос Каменос, претходно најави дека на изборите неговата партија ќе настапи самостојно.

Во меѓувреме, шефот на кабинетот на претседателот на Европската комисија Жал Клод Јункер, Мартин Селмај изјави дека предвремените парламентарни избори, кои ги планира премиерот Алексис Ципрас би можеле да доведат до поголема поддршка на третиот пакет помош на еврозоната во Грција .

„Предвремените избори во Грција можат да бидат начин да добивање на поширока поддршка на програма за помош, која ја потпиша премиерот Ципрас во име на Грција“, напиша Селјам на Твитер.