Собранието го донесе ребалансот на буџетот

Со 62 гласа за и 7 против Собранието на Република Македонија попладнево ги донесе измените и дополнувањата на Буџетот за 2015 година. Министерот за финансии Зоран Ставрески денеска образложувајќи го Предложениот ребаланс на Буџетот во Собранието истакна дека остварувањето на Буџетот за 2015 година во првите седум месеци биле подобри од очекувањата, а прибраните приходи биле повисоки од планираните. Тој потенцираше дека реализацијата на Буџетот на расходната страна се одвивал согласно предивиденото и оти вкупните приходи биле подобри од очекувањата и подобри од минатата година.