СДСМ: Македонија да биде една изборна единица

СДСМ ќе побара Македонија, заедно со дијаспората да биде една изборна единица, предлог за кој се залагаат и помалите партии, изјави лидерот на опозицијата Зоран Заев при денешната посета на Велес. „До нас стигнуваат укажувања, се сугерира да се променат изборните единици. Наместо шест, плус дијаспората, да преминеме на една изборна единица. СДСМ ги поддржува ваквите предлози за една изборна единица од името на демократијата, од име на правата на помалите. Тоа ќе го нотираме во преговорите кои ги водат работните групи“, рече Заев.