Значителен пад на казахстанската валута

Казахстансата валута тенги денеска загуби 26 проценти од нејзината вредност во однос на американскиот долар. Премиерот Карим Масимов денеска соопшти дека Националната банка и Владата итно имплементираат нова монетарна политика. Одлуката доаѓа во време на мрачни предвидувања за цената на суровата нафрта, од која е зависна економијата на земјата. Тенгите кои на почетокот на денот чинеа 188 за еден долар, паднаа на 255 за еден долар на крајот на денешното тргување.