Руски воени вежби на грузиска територија

Грузискиот претседател Гиорги Маргвелашвили ги осуди руските воени вежби во отцепените региони Абхазија и Јужна Осетија, велејќи дека е неприфатливо да се одржуваат воени вежби на окупираната грузиска територија. Советникот за надворешни работи на Маргвелашвили, Тенгиз Пхаладзе рече дека претседателот планира да побара од меѓународната заедница да го разгледа фактот дека Русија одржува воени вежби на територијата на грузиската држава и соодветно да реагира. Руските трупи останаа во Јужна Осетијха и во Абхазија, поддржувајќи ги тамошните самопрогласени влади по војната меѓу Русија и Грузија во 2008 година. Русија е меѓу неколкуте земји кои ја признаа независноста на Абхазија и Јужна Осетија.