Осум загинати во бомбашки напад во Турција

Осум турски војници загинаа денеска во бомбашки напад во југоисточниот турски округ Сирт, изјавија претставници на силите за безбедност. Експлозијата на бомбата се случила при преминување на оклопно возило, во кое се наоѓале војниците. Бомбата била поставена покрај патот Сирт - Первани. Турските сили за безбедност презедоа масовна операција за пронаоѓање на извршителите на нападот.