Во изминатите 24 часа издадени над 1200 потврди на мигранти

Во изминатите 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 1252 странски државјани. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија на кои им се издадени 1.040 потврди, а потоа следиуваат Ирак – 62, Бангладеж –58 додека другите се во помал број. Во изминатите два месеца издадени се потврди на вкупно 40.087 странски државјани. Од започнувањето на издавањето на потврдите до денес до Одделението за азил се поднесени 47 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.