Германскиот парламент ја одобри финансиската помош за Грција

Германскиот парламент со големо мнозинство го одобри третиот пакет финансиска помош за Грција, отстранувајќи една од главните пречки за финансиските средства да и бидат исплатени на Атина. Потегот дојде откако грчките пратеници минатата недела го прифатија пакетот реформи и мерки за штедење кои ги бараат меѓународните кредитори, вклучително Европската унија и германската Влада, како предуслов за финансиската помош. Министрите за финснсии на еврозоната на 14 август во Брисел се согласија на Грција да и дадат заем од дополнителни 86 милијарди евра, откако грчките пратеници ги изгласаа мерките за штедење. Шефот на Меѓународниот монетарен фонд ММФ, Кристин Лагард изјави дека на Атина ќе и треба „значајно“ отпишување на долгот за да може да воспостави ред во фискализацијата.