Воена вежба на НАТО

Илјадници падобранци од земјите на НАТО до 13 септември ќе учествуваат на најголемите падобрански воени маневри во Европа од крајот на Студената војна, соопштено е вчера во Брисел. Во соопштението на НАТО се наведува дека вежбата во Германија, Бугарија, Романија и Италија е организирана за да се покаже дека Алијансата е способна за брза реакција и оти може да даде поддршка за силна и сигурна Европа. Во последно време неколку земји на НАТО кои некогаш беа во составот на Советскиот сојуз оценија дека се чувствуваат загрозено од Русија која се обвинува дека им дава поддршка на проруските сепаратисти во источна Украина.