Давутоглу го врати мандатот за нова влада во Турција

Турскиот премиер Ахмед Давутоглу го врати мандатот за состав на нова влада откако со двете клучни парламентарни партии не успеа да договори коалиција која би владеела заедно со неговата Партија на правдата и развојот. Тој мандатот го врати на состанокот со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган. Ердоган би можело да ја распушти привремената влада и да повика парламентарните партии да формираат нов привремен кабинет доколку договор не биде постигнат до 23 август. Тоа значи дека до одржување предвремени избори наесен власта би ја делеле сите четири партии кои влегоа во парламентот. Партија на правдата и развојот што ја основа Ердоган, го загуби парламентарното мнозинство по изборите во јуни за првпат од 2002 година.