Работните групи, повторно за изборната регулатива

Скопје

Претставници на работните групи на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА за спроведување на договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија најавија дека денеска ќе ја продолжат работата врз изборното законодавство. На синоќешниот состанок за специјалниот јавен обвинител, како што изјави белгискиот експерт Питер Ванхауте имало многу интересна и многу солидна дискусија, но тој одби да даде натамошен коментар. В петок партиите треба да почнатконкретни разговори за законската рамка, како и за изборот, функционирањето и надлежностите на специјалниот обвинител. Според договорот од Пржино, тој треба да биде назначен најдоцна до 15 септември.