Времето денеска: сончево со умерена облачност

Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во доцните попладневни и вечерни часови се очекува зголемување на облачноста особено во северните делови каде ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 25 до 35 степени. Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Температурата ќе достигне до 33 степени.