Продолжи судењето на новинарката Хадиџа Исмаилова

Мајката на Хадиџа, Елмира Исмаилова.

Судот во Баку денеска го продолжи судењето на истражувачката новинарка Хадиџа Исмаилова, каде нејзината мајка и сестра изразија сомнеж кон непристрасноста на судот. 39-годишната Исмаилова која е дописник за Радио Слободна Европа и која доби награди за пишување на текстови за корупција, е обвинета за проневера на пари, даночно затајување и злоупотреба на службената положба. Групите за човекови права и западните влади обвиненијата за Исмаилова ги оценија како политичкли мотивирани. За време на прекинот на рочиштетот, нејзината мајка Елмира Исмаилова изјави дека судењето е „лага од врвот до дното.“ Таа рече дека судот веќе одбил неколку жалбени поднесоци, вклучително и барањето за една недела дополнителни разговори со нејзините адвокати, сведочење во судницата од многумина регистрирани како сведоци и т.н.