Најдени телата на сите жртви во индонезискиот авион

Спасувачките екипи денеска ги пронашле телата на сите 54 патници и членови на екипажот на авионот кој пред два дена се урнал на истокот на Индонезија, соопштено е во Џакарта. „Нема преживеани. Ги најдовме сите 54 тела“, изјави портпарол на министерството за транспорт на Индонезија. Остатоците и телата биле пронајдени во планинското подрачје на провинцијата Папуа. Авионот кој летал од Џајапура до Оксибил најверојатно се урнал поради лошите временски услови. Во авионот имало и пет поштенски службеници кои носеле четири вреќи со скоро 470 илјади долари. Парите требаше да им бидат поделени како социјална помош на сиромашните во Оксибил. Засега нема информации за тоа дали парите биле пронајдени.