Путин со предупредување до Кримските татари

Рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди етничките татари кои се малцинство на Крим да не бараат специјален статус на полуостровот што Москва го анектира од Украина во минатата година. Татарите кои се муслимани чинат 10 насто од популацијата на Крим и се против руската анексија. За време на тридневната посета на Крим со цел да го промовира тамошниот туризам, Путин се сретна и со претставници на повеќе малцинства. „Меѓуетничките односи се чувствителна работа. Секоја шпекулација за некакви специјални права за некое посебно малцинство е екстремно опасна“, оцени Путин.