18 загинати при експлозиите во Пакистан

Пакистанскатa полиција денеска соопшти дека бројот на жртвите достигна 18 во двојниот самоубиствен напад во кој беше убиен и висок провинсциски претставник и противник на Талибанците. Вчерашниот напад бил насочен кон министерот Шуја Ханзада во провинцијата Пенџаб во неговиот роден град Шади Кан, околу 80 километри источно од Исламабад. Хензада одржувал состаноци со десетици локални жители кога се случила првата експлозија и кога се урнал покривот врз групата луѓе. Околу 25 луѓе биле извлечени од урнатините. Ханзада е најистакнатиот претставник убиен од милитантите, откако пакистанската Влада ја започна операцијата во 2014 година за да ги обезбеди племенските области во земјата по должината со авганистанската граница. Тој беше разузнавач во пензија и беше лидер во кампањата против исламистичките екстремисти во провинцијата Пенџаб.